Луксуз, скапи пластични операции: Каков живот води трансродовата личност, што го уценува Вујадин Савиќ?
- Детали
- четврток, 16 октомври 2025
Алекс Корач има направено низа естетски операции за да изгледа како жена, сепак го нема променето полот. Идол ѝ е Ким Кардашијан и обожава да се фали со луксузот на социјалните мрежи.

Aлекс Корач (21) од Белград е трансродова инфлуенсерка, која според српските медиуми го уценувала поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ (35) и за тоа била уапсена на 25 септември.
Савиќ ја пријавил во полиција поради наводна изнуда и рекетирање.
Алекс живее на висока нога, патува и на социјалните мрежи споделува фотографии од луксузни ресторани и ноќни клубови.

Иако наводно не го сменила полот, се подложила на низа естетски операции за да изгледа како жена.
Најпрво вградила силиконски импланти, а потоа продолжила со низа интервенции кои целосно го промениле нејзиниот изглед.

Извор близок до неа за српските медиуми вели:
„Taa сака да биде позната и славна. Има идоли меѓу јавните личности од ријалити шоуата.
Најмногу посакува да биде како популарните Кардашијанки.
Интересно е што е родена во богато семејство и никому не му е јасно што се случи (се мисли на уцената)“.
Корач има направено на себе низа интервенции во последните неколку години, а наводно за својот изглед потрошила околу 50.000 евра.

Изворот открива:
„Ќе ви објаснам по ред. Не можам да се сетам на сè во детали, но ова има направено две операции на нос – првата ја чинела 11.000 евра, втората 8.000 евра, плус трошоци за авионски карти и хотел во Турција.
Липосукција и обликување на телото – 9.000 евра, плус престој во Истанбул.
