Марија Микиќ, по разводот и операцијата на гласните жици, блеска на настап во Скопје: „Лек ми е мојот психолог“
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
Марија Микиќ зад себе остави навистина тежок период – операцијата на гласните жици и разводот. Сега, блесна во полн сјај и порача: „Не мора некој да има проблем за да оди кај психолог, живееме во брзо време. Мислам дека тоа е многу важно за менталното здравје“.

Марија Микиќ вчера (16.10) гостуваше во еден скопски локал. Таа блесна од рацете на македонскиот стилист Октај Сејди.

На настапот се појави во впечатлив бел фустан од тантела.

Марија изгледа подобро од кога било, а таа во една пригода проговори за српските медиуми како се справува со целата ситуација по операцијата на гласните жици, но и по разводот.
Марија Микиќ вели:
„По операцијата на гласните жици тешко се враќам во кондиција, но кога нешто сакаш - можеш.
Морам да почнам со тренинзи, дишење и сето тоа, испаднав од форма. Долго не сум носела високи потпетици, па уште и дишењето, не сум настапувала активно шест месеци.

Имав страв, но сѐ исчезна кога неодамна почнав интензивно со настапи и видов дека пеам како порано, срцето ми е полно.
Инаку, лек ми е одењето кај мојот психолог, треба да се разговара со некого, не треба да го криеме сето она што ни е на душа.

Никогаш немав трема и не се плашев, но кога ќе доживееш болест или некоја болка, мораш тоа со некого да го споделиш.
Не мора некој да има проблем за да оди кај психолог, живееме во брзо време. Мислам дека тоа е многу важно за менталното здравје.

Инаку, постојано сум со децата, тие ми го исполнуваат денот, ништо не ми е тешко.
Фокусирана сум на убавите работи, децата ми даваат сила, за некого мораш да живееш, а и работата ми е дополнително гориво.