Теа Таировиќ во посета на Скопје – Калиопи ја шета низ плоштад, таа признава дека не излегува од дома и по 3 дена
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
„Уште кога првпат те видов на сцена, си реков ова е многу искрена и интелигентна девојка која знае што прави. Добро ми дојде во Скопје. И да се договориме, нема да се персираме, јас сум Калиопи, или Опи како што ме викаат најблиските, а од денес, ти си моја блиска. Ајде те носам на кафе“ - ѝ рече нашата поп-дива на Теа Таировиќ на нивното запознавање.

Српската пејачка Теа Таировиќ по повод концертот на 15 ноември во Скопје, престојуваше во нашиот главен град.
Покрај ангажманите поврзани со концертот, таа се дружеше и со своите фанови, а имаше можност да се запознае и со Калиопи.
Нашата поп-дива ја пречека Теа како вистинска домаќинка, па откако поразговараа со кафе, ја прошета низ плоштадот во Скопје.

Српските медиуми објавија снимка на која се гледа нивната прва средба со прегратка и емоции, за која Теа признава дека има трема, а Калиопи, која зрачи со својата позитивна енергија, ѝ упатува позитивни зборови:
„Обично така кога некој ќе се фати за стомак, укажува на личност која е многу емотивна.
Уште кога првпат те видов на сцена, си реков ова е многу искрена и интелигентна девојка која знае што прави.
Ти честитам на сè што имаш направено. Добро ми дојде во Скопје.
И да се договориме, нема да се персираме, јас сум Калиопи, или Опи како што ме викаат најблиските, а од денес, ти си моја блиска.
Ајде те носам на кафе“.

Погледнете го видеото:
Двете пејачки изгледаат како да се знаат цел живот, многу се блиски и опуштени додека разговараат и шетаат низ нашиот град.
На крај, Калиопи ѝ вели: „Прашај ја мајка ти, да не случајно нешто се случило, па јас да сум те родила“ – веројатно алудирајќи на сличноста што ја препознава помеѓу себе и Теа.
Погледнете го видеото:
За време на прес-конференцијата пак, Теа откри интересен детаљ за себe:
„Многу малку се движам. Не одам на белградски настани, нема каде да ме видат и да ме фотографираат. Не одам ни до продавница.
Јас кога ќе дојдам дома, можам по 3-4 дена воопшто да не излезам“.
М. М. | Црнобело
