Емина Јаховиќ искрено за љубовта и разводот со Мустафа Сандал: „Ми стана непријател, сакаше да ме оштети“
Таа признава дека брзо потоа веднаш се заљубила во него, затоа што имал неверојатна харизма и по 20 дена, се преселила во Бодрум кај брат ѝ.

Се забавувале околу година и пол, па направиле пауза од исто толку време, а потоа повторно спонтано се сретнале во Турција и пак се споиле па се венчале.
Вели дека веднаш станала мета во турските медиуми кои пишувале секакви работи кои ја повредиле, а многумина од неговите фанови очекувале тој да избере жена од Турција, па дури и мајка му.
Живееле раскошно и среќно, во текот на 10-те години брак ги добија нивните два сина, кои се нејзина најголема гордост, но повторно дошло до презаситување и во 2018-та се разведоа.
За таа одлука Емина воопшто не се кае и вели:
И физички и ментално одеднаш се разидовме. Сфатив дека е крај 3 години пред да се разведам, но не бев свесна. Тоа беше потсвест.
И едно утро само се разбудив и си реков јас се разведувам. Дојде до презаситување. Добро беше што така се случи затоа што никогаш не се покајав.
Тој мислеше дека се шегувам. Тој е некој кој на 19 години станал ѕвезда и не му беше јасно дека може жена да го остави.

Но тој е како војник, има време за себе, за својот спорт, за својата храна, така живее. Никогаш не сум го видела иако бевме венчани 10 години, да јаде ова па она, тоа беше организирано и по правила, дури и дома.
Јас сум многу поспонтана личност. Ако ми се јаде 200g чоколадо, ќе го изедам.
Можеби малку ми здосади и тој контролиран живот, иако и јас ги имам тие денови на дисциплина.
Вели дека сега се во коректни односи, иако имало период кога биле непријатели, a признава дека како татко се однесува добро:
Како татко е океј. Децата го сакаат, постариот е ист како него, а младиот е како мене. Имаме коректен однос, едно време не бевме во добар однос, сега сме коректни.

Никогаш не сум го сретнала освен на родителски состанок кога е нешто договорено. Бевме соседи 4 години, а никогаш го немав сретнато иако живееше на 20 метри.
После разводот ми стана добар пријател. Подоцна ми стана непријател во разводните спорови. Гледаше да ме оштети, ние и ден денес сме на суд и никој не попушта.
Не заради парите, туку за принципи.
Плаќа алиментација за децата, иако едно време не го сакаше тоа. Не затоа што е лош татко, туку од инает.
Прочитајте и Најава за брак со новата девојка, судски спор за 20 милиони евра: Скандалозниот однос на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал
Откако живее сама, сфатила колку била голема и важна улогата на мажите во семејството кои придонесуваат за домот.
Признава дека била многу разгалена и живеела како кралица на која не ѝ недостасувало ништо, но се труди сега и самата да си го овозможи тоа:
Живеев многу размазено, а кога се разведов почнав повеќе да ги ценам мажите. Тие се оние кои обезбедувале за домот, а кога останав сама морав да научам како сето тоа да го правам сама.
Никогаш не си го намалив стандардот, и после разводот, местата каде сум живееле биле преубави, едноставно научив како сама да го обезбедам тоа.
Додека бев во брак не се грижев како да плаќам сметки, каков автомобил да купам, како ќе платам бензин или вработени, немав никогаш платено сметка.
Но морав низ тоа да поминам и затоа почнав да ги ценам повеќе мажите, зашто мислев дека парите ми паѓаат од небо, прво заради братот, па заради сопругот.
Открива дека е слободна и нема партнер, а по разводот имала само една врска. Вели дека ако пронајде некој, повторно би се омажила, но дека веројатно не би раѓала повторно деца, иако никогаш не кажува никогаш.
Прочитајте и 14 години е постар од неа, сака да се венчаат - Кој е милионерот со кого Емина Јаховиќ е наводно во врска?
Погледнете го гостувањето:
M. M. | Црнобело