Бака Прасе ја откри вистината за врската со Ања: „Ми ги простуваше сите неверства со скапи подароци, ме излажа дека беше бремена“
- Детали
- вторник, 25 ноември 2025
„Ми ги простуваше сите неверства со девојки за една вечер, затоа што ѝ купував скапи подароци... Ѝ изнајмив стан од 30.000 евра, ѝ купив автомобил од 100.000 евра, помина подобро од жена со три деца по развод. Ми рече дека е бремена за да ѝ се смирам, а потоа наводно го изгуби, но мојот спермограм беше 0, немаше шанса да направам дете“ – вели Бака Прасе во видео во кое ја открива целата вистина за врската со Ања Бла.

Бака Прасе и Ања Бла имаа 4-годишна врска исполнета со многу турбуленции, драма, неверства, лажни претставувања во јавност, раскинувања и смирувања.
Во последните неколку месеци, иако не се заедно и тој има нова девојка по име Милена, за којашто наводно Ања правеше многу проблеми и ја демнеше, повторно се тема на разговор.
Ања Бла го демне Бака Прасе со новата девојка, тој ѝ се заканува дека ќе објави снимки од неа – Нова драма помеѓу јутјуберот и бившата

Многумина го обвинуваа него за малтретирање, но сега тој одлучи во видео да ја објави целата вистина за нивната врска, текот на настаните, но и многу работи кои се случувале зад затворени врати, кога во јавноста било претставувано поинаку.
Тој вели дека по раскинувањето активно ѝ помагал на Ања, сè додека не почнала активно да ја вознемирува неговата нова девојка.
Детали за новата девојка на Бака Прасе - атрактивната Милена од Нови Сад е позгодна и од Ања Бла
Во продолжение прочитајте дел од обраќањето на јутјуберот:
„Јас ја оставив затоа што веќе не сакав да бидам со неа. Она што луѓето не го знаат е дека во 2023 ја оставив двапати. Еднаш во ноември кога се врати од Сејшели и се смиривме затоа што ми рече дека е бремена.
Кога сфатив дека останав во врска со неа само заради таа идеја, одлучив да одам, но сакав да ѝ го олеснам неа раскинувањето.
Сите ме обвинуваат дека јас сум ја малтретирал, а вистината е дека таа ме молеше да објавам видео во кое ќе кажам нешто добро за неа, затоа што претходниот пат во 2022 по раскинувањето, луѓето неа ја прозиваа и обвинуваа, што многу ја погоди.
„Таа остана во мојот стан, јас се отселив“ – Детали за раскинувањето на Бака Прасе и Ања Бла

Покрај тоа, многумина ја нарекуваа спонзоруша, за да го спречам тоа, направив илузија дека е успешна без мене, дека има свои пари, дека заработува, и за да ја задржам таа илузија, одлучив да ѝ платам стан во центарот на Белград, на Врачар, кој чини месечно 3.000 евра, го платив година дена однапред за да што помалку имаме контакт.
Тоа е станот што можете да го видите во нејзините видеа, а ме замоли да не кажувам јавно дека сум ѝ платил стан за да не испадне дека нема пари.
На моите лајвови ѝ го рекламирав Јутјуб каналот, тренинзите, ја споив со сите за да заработува повеќе пари од Јутјуб. Сè направив што беше во моја моќ, но неа не ѝ беше тоа доволно.

