Сопругата на Сергеј Трифуновиќ: „Уапсена сум повеќепати од што се знае, ме запроси по 48 часа познанство“
- Детали
- четврток, 27 ноември 2025
„Во еден момент клекна на колено и ме праша дали сакам да се омажам за него. Не се познававме ни 48 часа, а му реков дека сакам, онака, на зафрканција. Продолживме да се шетаме, веќе не спомна ништо. Следниот ден ми рече: 'Вчера те прашав нешто, ако сакаш да се венчаме, сметај дека си верена',“ раскажува 23 години помладата сопруга на актерот за нивната љубовна приказна.

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (53) и неговата сопруга Исидора (30) го чекаат своето прво бебе, уживаат во брачниот живот и многуте заеднички патувања.
Од првиот ден кога се дозна дека се во врска, Исидора привлекува подеднакво внимание како и нејзиниот сопруг, зашто Трифуновиќ имаше репутација на „женкар“ и „закоравен ерген“, па сите сакаа да знаат која е жената која конечно го смири.
Нивниот брак од самиот почеток беше турбулентен - Сергеј ја пријави Исидора за семејно насилство една недела откако се венчаа, а брзо потоа таа беше уапсена затоа што била нелегално во земјата (по потекло е од Хрватска).

Сега, Исидора беше гостинка во подкастот „Подкаст во пижами“. Меѓу муабетите дека еден ден си купила тест за бременост зашто ѝ било досадно, но и дека еднаш излегла од дома да си купи чизми и не се вратила неколку дена, таа зборуваше и за љубовта со Сергеј, но и за апсењата.
„Ме апсеа многу повеќе пати од она што се пишуваше во медиумите, но за среќа не дознаа секојпат кога бев апсена.
И секојпат беше затоа што сум ја надминала дозволата за престој во земјата“ - вели таа.

Новинарката ја праша и за почетокот на љубовта со Сергеј, на што Исидора одговори дека луѓето сигурно нема да поверуваат, од што е многу лудо.
Нивната прва средба била на роденден, кога Сергеј ѝ побарал полнач за мобилен телефон, а таа вели дека тогаш бил еден од ретките случаи кога носела полнач со себе. По ова не се виделе во следните две години.
Но, Исидора раскажува дека работите што се судени ќе се случат.

Таа, враќајќи се една вечер дома, размислувала што да јаде и на социјалните мрежи видела фотка од тип кој држи две парчиња пица и прашува сака ли некој едно.
„Јас тоа не го правам, никогаш не го правам, но пратив порака во инбокс и му дадов адреса. Дури потоа сфатив на кого му пишав. Ми побара број и јас сериозно не го кажувам мојот број, можеби само 10 луѓе го знаат, таква сум. Но, ете, му го дадов и тој ми се јави.
А јас бев зарипната и зборував чудно, па ми рече дека му звучам како Цеца во ‘90-тите, а јас тоа го сфатив како комплимент.
Ми вели да се договориме следниот ден да ме води на ручек, а јас си мислам: „Што ќе јадам вечерва?“

