Ќе се мажи Ксенија од „Hurricane“ - Се сврши на Санторини, има имотен партнер, тато Кнез е пресреќен
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
Се сеќавате ли на трите атрактивни девојки од „Hurricane“? Сега, секоја од нив гради соло кариера, а русокосата убавица, ќерката на Кнез, се сврши и планира бајковита свадба во Белград.

Дали и вие се изненадивте од распадот на групата „Hurricane“, кои со песна од нашиот Дарко Димитров и со својата заразна енергија блеснаа на Евровизија во 2021-ва година?

Прочитајте и Дарко Димитров од Ротердам за CRNOBELO.com: „Презадоволен сум од настапот на Hurricane, девојките донесоа топ енергија на сцената“

Сепак, тие се разделија и секоја тргна во свој правец.
Поранешната членка на групата „Hurricane“, Ксенија Кнежевиќ, неодамна се сврши со својот долгогодишен избраник Никола Тодоровиќ.

Таткото на Ксенија, пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез, откри дека свадбата ќе биде во мај, а сега испливаа и дополнителни детали.

Нејзиниот избраник потекнува од имотна фамилија, па венчавката ќе биде голема и нема да се штеди на ништо, пишуваат српските медиуми.
Идниот сопруг на Ксенија има куќа во Црна Гора, каде што често престојуваат, но тие живеат во Белград, па и венчавката ќе биде во Белград.
