Ќерката на Гоца Тржан е гламурозна матурантка – позира со дечкото фудбалер, копија e на мама (фото)
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
19-годишната ќерка на Гоца Тржан порасна во убавица и копија на мама – за матурската вечер е облечена како гламурозна дива, во цветен фустан со висок шлиц, а го покажа и дечкото фудбалер.

Наследничката на Гоца Тржан, Лена, која ја има со поранешниот сопруг Иван, во последно време привлекува почесто внимание со својот изглед.
Таа порасна во вистинска убавица, која ја придружува на многу настани својата мајка.
Сега, 19-годишната Лена славеше матура, а на Инстаграм сподели неколку фотки од својот матурски стајлинг.
Таа воодушеви со впечатлив и волуменозен цветен фустан, со мини здолниште и долг додаток со висок шлиц.
Освен со своите соученици, помеѓу фотките има и една со нејзиниот дечко, фудбалерот Вукашин Јовановиќ, кој е исто така нејзин врсник.

На објавата мама Гоца ѝ коментираше: „Мајкино“, проследено со неколку емотикони со срциња во очите.
Погледнете повеќе фотки од убавата матурантка:








M. M. | Црнобело