„Мирка ни ја переше облеката“ - Прво појавување на Вујадин Савиќ кај колега, по скандалот со трансродовата личност
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
„Мојот колега фудбалерот Марко Гобељиќ Гобељ, толку често беше кај мене, што ќе му беше попаметно и да не плаќа кирија за својот стан. Тој, но и сите други, мојата Мирка ја викаа „мајко“. На Мирка тоа не ѝ пречеше, секој ден ни подготвуваше јадење, а на многумина им переше и облека“, изјави Вујадин во една пригода, а сега се појави на роденденот на ќерката на фудбалерот Гобељ.

Поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ, кој е во долгогодишна врска со актерката Мирка Васиљевиќ и има 4 деца со неа, се повлече од јавноста откако ја пријави трансродовата личност А.К. за уцена со интимни снимки.

Имаше дури и гласини дека ја напуштил Србија, но сега, по долго време, тој е фотографиран во Белград.
Вујадин се појави на роденденот на ќерката на фудбалерот Марко Гобељиќ и пејачката Катарина Грујиќ, во игротека, каде што беше фотографиран. Фотографиите погледнете ги ТУКА.

Инаку, Вујадин ја предложил својата партнерка Мирка како сведок во постапката против А.К., но Мирка двапати не се појавила на закажаното рочиште на суд.

