Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ?
Поранешна девојка со која има дете
Турбулентниот однос со Ана, Дарко го повтори и со својата следна девојка, Марина Гагиќ.
Додека беа во врска се пишуваше дека тој ја изневерува, но тоа никогаш не беше потврдено.
Исто така, кружеа гласини, дека парот се свршил и дека планираат свадба, но никогаш не се венчаа.
Марина, сепак остана бремена, и го роди нивниот син Алексеј, но брзо потоа го остави Дарко.
Јавно не зборуваше лошо против него, а изјавуваше дека не сака да го навредува таткото на нејзиниот син, зашто Алексеј еден ден би можел да прочита што кажала таа, иако тврдеше дека „има да каже сешто на темата“.

Поранешна девојка што го обвини за насилство
Откако раскина со Марина, Дарко почна врска со пејачката Барбара Бобак.
Кога Барбара јавно кажа дека малиот Алексеј ја нарекол „мама“, неговата поранешна девојка Марина најави дека ситуацијата ќе ја реши преку социјалните служби.
Ова не го спречи Дарко да ја запроси, и тоа среде трговски центар во Америка.
Шетајќи се низ молот, влегле во златара, а Дарко ѝ рекол на Барбара да си одбере прстен.
Ни оваа веридба не заврши со брак, а Барбара денес вели дека додека била во врска со Лазиќ, тој ја малтретирал, дека пиела лекови и дека со стручна помош ги надминувала тешките моменти што ѝ останале како лузни од врската.

Втора сопруга
Во моментов Дарко е во брак со Катарина, со која ја доби ќерката Срна.
Тој вели дека таа е неговата прва голема љубов и дека му била девојка кога имал 17 години.
„Се разделивме кога мојата кариера тргна нагоре, но останавме во контакт и повторно се споивме по 16 години, како зрели и слободни луѓе, без прељуби“, изјавил тој за сегашната сопруга.

А. Ј. | Црнобело
