Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ?
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, а тој тврди дека откако стиигнал до бројката од над 350, престанал да брои со колку жени спиел. Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ?

Дарко Лазиќ важи за еден од најпроблематичните луѓе на српската естрада - алкохол, наркотици, сообраќајни несреќи по кои не се знаеше дали ќе преживее.
Но, пејачот, кој стана популарен со шоуто „Ѕвездите на Гранд“ зад себе има бурен љубовен живот, но и 4 големи љубови.
Со две од нив беше во брак, а со три различни од нив има и деца.

Што знаеме за љубовниот живот на Дарко Лазиќ?
Пејачот никогаш не криел дека низ „неговиот кревет“ поминале многу девојки и долго време тоа го кажуваше со гордост.
Тој вели дека бројката е над 300 и дека одамна престанал да брои, иако во минатото дури и имал тефтер во кој ги запишувал нивните имиња.
Прва сопруга
Прва голема љубов на Дарко е пејачката Ана Севиќ, со која има ќерка.
Парот се венча тајно во 2014 година, кога Ана беше во осмиот месец од бременоста.
Тие беа во брак до 2019 година, се разделија мирно, а Ана го доби старателството над ќерката Лорена.
Брзо потоа Дарко почна да ја обвинува поранешната сопруга дека не му дава да ја гледа ќерката, а таа го демантираше со фотографии на Инстаграм на кои се гледаат датуми кога Лорена била кај својот татко.

