Сара Јо емотивна пред настапот во Скопје, објави видео со Панчо: „Те сакам. Засекогаш!“
- Детали
- петок, 19 декември 2025
Сара, која беше блиска пријателка на Панчо, објави видео снимено по еден од нејзините настапи кај нас, каде што ја зема неговата рака, покажува една од тетоважите и го прашува дали е Bad Boy (лошо момче), a Панчо низ смеа ѝ одговара: For life (засекогаш).

Српската пејачка Сара Јо утревечер (20.12) ќе има настап во познат скопски локал.
Додека се подготвува за своето гостување, на Инстаграм Сара објави видео и неколку фотографии со Панчо од ДНК.

Панчо долги години ѝ беше букинг агент за Македонија и ѝ договараше настапи низ земјава.
Со текот на времето нивната професионална соработка се претвори и во пријателска, почнаа да се дружат и приватно, а Сара знаеше да сподели нешто поврзано со Панчо кога ќе дојдеше кај нас или кога ќе се видеше со него.

Таа беше и една од неколкуте музичари од регионот, кои дојдоа на погребот на Панчо во октомври.

Два месеци подоцна, таа со многу емоции се сети на својот пријател.
„Во сабота ќе пееме за тебе. Мој незаменлив П. Те сакам. Засекогаш“ - напиша Сара на видеото, на кое таа е на проба, а во позадина Панчо пушта музика.
Сара сподели и заедничка фотографија на која се прегрнати и насмеани, но и видео, направено по еден од нејзините настапи кај нас, каде што таа му ја зема раката, покажува една од неговите тетоважи во камерата и го прашува дали е тој Bad Boy (лошо момче), a Панчо низ смеа ѝ одговара: For life (засекогаш).

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
