Љубовната приказна на Луна Џогани и Марко: Некогаш скандали, ријалити шоуа, разделби, денес две деца
По напуштањето на ова шоу, Луна и Марко почнаа да живеат заедно во нејзиниот стан, а потоа следуваше изненадувањето што Марко долго го подготвувал – свршувачка, испланирана во целосна тајност.
Набрзо потоа Луна и Марко на својот Јутјуб канал споделија дека ќе станат родители.

Луна тогаш изјави:
„Планираме да најдеме поголем дом за нас и децата, но не брзаме. Ќе има и тоа, ако даде Бог.
Отсекогаш ми беше желба да имам голема куќа, сопруг, деца и куче.
Би сакала три деца, додека Марко сака четири или пет. Тој се шегува – девет деца да сум му родела“.

Инаку, Луна и Марко се венчаа во мај 2021 година, а еден ден претходно си се заколнаа на вечна љубов во црква во Белград.

Луна и Марко потоа купија стан од 80 квадрати на Бежаниска коса, со вредност од 160.000 евра.
Во октомври 2023 година, Луна ја роди втората ќерка, на која ѝ го дадоа името Лана.

Брачниот пар од својот дом направи вистинска оаза за релаксација, а на социјалните мрежи редовно споделуваат моменти од приватниот живот.





С. С. | Црнобело