Љубовната приказна на Луна Џогани и Марко: Некогаш скандали, ријалити шоуа, разделби, денес две деца
- Детали
- недела, 21 декември 2025
„Луна и јас не сме добар спој. Таа љубов ја создадовме во вештачки услови, во реално шоу, а изгледа дека во природни услови не можеме да функционираме“, зборуваше Марко Миљковиќ, но во наредното реално шоу повторно се смирија, а кога излегоа надвор ја запроси. Денес имаат две ќерки.

Денес се во среќен брак со две деца, но како им започна љубовта?
Луна Џогани и нејзиниот избраник Марко Миљковиќ се вљубија во реално шоу, но по напуштањето на шоуто ја прекинаа врската.

Сепак, искрите меѓу нив се разгореа одново во друго реално шоу, каде повторно двајцата беа учесници.

По смирувањето пред камерите и турбулентната врска по излегувањето од шоуто, следуваше свршувачка, па наскоро потоа добија и девојче на кое ѝ го дадоа името Миа.
Инаку, во периодот кога парот се раздели, Марко изјави:
„Луна и јас не сме добар спој. Таа љубов ја создадовме во вештачки услови, во реално шоу, а изгледа дека во природни услови не можеме да функционираме.
Видов дека тоа не е тоа, но сакав да дадам сѐ од себе, како и таа. Пробавме, но не оди“.

Луна, пак, тогаш изјави:
„Буквално одеднаш се случи, за два дена. Нему му пишуваат: Луна била со овој, мене исто така ми пишуваат за него.
Една група ме навредува мене, друга него. Многупати беше крај, многупати зборувавме дека нема повеќе, па се смирувавме, и секогаш длабоко во душата чувствував дека ќе бидеме заедно, а овојпат не чувствувам ништо.
Не раскинавме ниту поради пари, ниту поради недостиг на љубов – кај нас парите никогаш не биле проблем.
Премногу се повредивме меѓусебно за да може да биде како порано… Денес беше официјално, се видовме, си ги зедовме работите и се разделивме. Во мир“.

Но, во второто реално шоу, само 24 часа по влегувањето и средбата со тогашниот поранешен дечко, Луна не издржа и му се фрли во прегратка.
Таа одлучи на љубовта да ѝ даде уште една шанса.

Потоа, и нејзината мајка Анабела Атијас одлучи да влезе во шоуто и јавно порача дека не ја поддржува оваа љубов.
Сепак, Анабела и зетот Марко денес се во добри односи.
