Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага?

Но, кога почнале да излегуваат и да се запознаваат подобро, сфатиле дека помеѓу нив постои нешто силно.

Првиот бакнеж им бил на кров на висококатница, по што Бајага го напишал хитот Poljubi me.

Биле во врска седум години, пред да се венчаат во 1989 година.

ja-zapoznal-vo-avtobus-po-30-godini-brak-ja-zameni-so-druga-kako-izgleda-prvata-sopruga-na-bajaga-04.jpg

Следната година се родил синот Марко, а осум години подоцна ја добиле и ќерката Ангела.

На Ема ѝ ги посвети сите свои љубовни песни, а во едно интервју признал дека неговата слава не била лесен товар за неа.

„Врската како врска никогаш не била во искушение, но сигурно не била лесна за Ема. Кога си јавна личност, секакви работи се појавуваат во медиумите за тебе.

Ема се справуваше со тоа навистина добро, особено тие први години од нашето запознавање, кои беа најлудите натписи за мене“, кажал еднаш Бајага.

ja-zapoznal-vo-avtobus-po-30-godini-brak-ja-zameni-so-druga-kako-izgleda-prvata-sopruga-na-bajaga-06.jpgСо поранешната сопруга

Но, по 30 години брак, тие се разделија тивко во 2019 година, без големи медиумски приказни.

Јавноста дозна за разводот по неколку години, кога пејачот веќе имаше нова партнерка.

Иако одбиваше да зборува за разводот, во една пригода истакна дека се во добри односи и поради децата и поради нивниот долг заеднички живот.

За новата девојка, исто така не зборува, иако се знае дека често патуваат заедно, а се појавиле и на неколку концерти и друштвени настани.

ja-zapoznal-vo-avtobus-po-30-godini-brak-ja-zameni-so-druga-kako-izgleda-prvata-sopruga-na-bajaga-07.jpgСо новата партнерка

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg