Српска глумица и хрватски фудбалер чекаат бебе - Се венчаа во тајност, таа беше во врска со Игор Којиќ

Теодора Бјелица и Карло Мухар се венчаа тајно на почетокот на 2024-та година, а еден месец потоа со неколку фотки на Инсатаграм открија дека се во брак. Тие претходно не објавуваа ништо заедно, па ни во српската ни во хрватската јавност не се знаеше ни дека се познаваат, камо ли дека се во љубовна врска. 

srpska-glumica-i-hrvatski-fudbaler-chekaat-bebe-se-venchaa-vo-tajnost-taa-beshe-vo-vrska-so-igor-kojikj-01_copy.jpg

Една од најубавите српски глумици од помладата генерација, Теодора Бјелица (31) е бремена со своето прво дете.

Таа и нејзиниот сопруг, хрватскиот фудбалер Карло Мухар (29) наскоро ќе станат родители.

Парот е во брак од март 2024, а дека се венчале објавија еден месец подоцна.

Веста за нивната венчавка беше вистинско изненадување, зашто тие никогаш претходно не споделија јавно дека се во врска, или барем дека се дружат.

Парот не зборува многу за нивниот приватен живот, но во една прилика, кога новинарите ја запрашале Теодора за нејзиниот сопруг, таа рекла дека е среќна и сакана покрај него.

„Никој не ме сака како него“ - кажала актерката, која е вонбрачна ќерка на глумицата Гордана Бјелица.

На нивните профили, и денес, освен свадбените, скори и да нема други заеднички фотки.

Пред врската со хрватскиот фудбалер, Теодора имаше кратка љубовна афера со Игор Којиќ, поранешниот сопруг на Северина.

Парот раскина по околу 3 месеци, а според пријателите на Теодора, таа сфатила дека тој не ѝ одговара и дека не е човек со кого би требала да се врзе.

Погледнете повеќе фотографии од Теодора и Карло на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Софија Мило за првиот син на сопругот Лука Јовиќ: „Јас сум му маќеа – не му се дерам, тоа не е моја ... „Јас сум му како маќеа. Нас Давид многу ни е важен и важно ни е да е среќен кога...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg