Александра Пријовиќ објави прва фотка од лицето на ќерката, по повод 10 години љубов со Филип Живојиновиќ
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
„Пред 10 години започнавме како двајца. Денес сме четворица. Ти благодарам за 10-те најубави години“, му посвети емотивна објава Александра Пријовиќ на саканиот Филип Живојиновиќ.

Александра Пријовиќ денес на Инстаграм за првпат го покажа лицето на новородената ќерка на фотографија, која ја објави по повод 10-годишнината од љубовта со сопругот Филип Живојиновиќ.
Таа пред неколку месеци ја роди ќерката Арија во приватна клиника, а од бракот со Филип веќе го има синот Александар.
Во описот на фотографијата пејачката напиша:
„Пред 10 години започнавме како двајца. Денес сме четворица. Ти благодарам за 10-те најубави години“.
Лепа Брена неодамна, гостувајќи во еден подкаст, изјави дека била пресреќна кога дознала дека семејството Живојиновиќ ќе биде побогато за уште еден член и што станува збор за девојче, по толку момчиња.

Инаку, Александра и Филип не штедат кога станува збор за децата, па за српските медиуми извори блиски до неа изјавиле дека таа за градинката на синот Александар, плаќа 30.000 евра годишно.
Претходно, имаше оглас за дадилка за која нудеше плата од 5.000 евра.
