Српската Ким Кардашијан позира со ќерката од бракот со 10 години постариот сопруг, кој ѝ го украде на позната водителка
- Детали
- недела, 18 јануари 2026
„Однос? Што беше тоа? Мислите сексуален или човечки? Ние немаме однос, ние всушност не се поднесуваме...“, вели бившата сопруга на избраникот на Хелена Топаловиќ за него.

Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ, во 2023 година стана мајка на девојче, на кое таа и нејзиниот десет години постар сопруг му го дадоа името Доминика.

Хелена избегнува да го покажува сопругот јавно и често го отсекува од фотографиите.
Сопругот на Хелена, Драган Алексиќ, пред бракот со неа бил во брак со поранешната водителката Јелена Димитријевиќ, со која има дете.
Јелена еднаш јавно проговори за бракот со Драган.
Таа тогаш откри дека не е во добри односи со таткото на своето дете и дека не ја интересира „бајката“ која Хелена Топаловиќ ја прикажува на социјалните мрежи.
Јелена дури и им се закани:
„Подобро им е никогаш да не користат фотографии и видеа од моето дете на социјалните мрежи, бидејќи ќе одговараат пред законот“.
Таа откри и како ја прифатила веста дека нејзиниот поранешен сопруг се оженил со Хелена.
„Таа го прифатила него, а и тој неа – мене тоа не ме интересира. Не толерирам грдо и недолично однесување на татко кон детето. Тоа не го прифаќам ниту од едната, ниту од другата страна.

Тоа што имам да го кажам, ќе го кажам исклучиво пред камери, повикајте ме во некоја емисија“
На тема дали Хелена, а некогаш и таа самата биле со Драган за пари:
„Не знам дали Драган навистина има пари. Човекот не е од Дубаи, нема милиони, колку што јас знам, нашиот брак не беше од корист“.
На тема во каков однос се денес, вели:
„Однос? Што беше тоа? Мислите сексуален или човечки? Ние немаме однос, ние всушност не се поднесуваме.
Кон мене нема никакви обврски. Додека бевме во брак, ги исполнуваше, сега може да ги исполнува таму каде што треба“.