Падна дел од таванот во „Космос“ во Солун - повредена е жена и пренесена во болница (видео)

Во молот кој постојано го посетуваат многу Македонци падна дел од таван, а на видеото направено само неколку моменти по неговото рушење се гледа паднатата конструкција и група луѓе клекнати на земја кои ѝ помагаат на повредената жена. 

padna-del-od-tavanot-vo-kosmos-vo-solun-povredena-e-zhena-i-prenesena-vo-bolnica-video-01.jpg

Во трговскиот центар „Космос“ во Солун вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во просторот каде што се лоцирани ресторани и објекти за брза храна.

Инцидентот се случил во време кога во молот имало голем број луѓе.

Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратот.

padna-del-od-tavanot-vo-kosmos-vo-solun-povredena-e-zhena-i-prenesena-vo-bolnica-video-02.jpg

Според грчките медиуми, таа била свесна и со брза помош била пренесена во болницата Папаниколау.

На видеото направено само неколку моменти по рушењето на таванот се гледа паднатата конструкција, луѓе кои забрзано пробуваат да се тргнат оттаму, но и група луѓе клекнати на земја кои ѝ помагаат на повредената жена.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Невестата со прсти кине месо од вол, торта на 6 ката - Како изгледала свадбата на Саша Поповиќ и Суз... Брена им била кума, гостите „се тепале“ за микрофон и се фалеле колку пари им ос...

Најчитани неделава