Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзори“
- Детали
- сабота, 24 јануари 2026
„За неа се закачија некои спонзори со поинаков начин на живот и некои мажи кои ја сакаа за себе и ѝ ветуваа сешто. Таа се изгуби и почна да бара од мене повеќе слобода отколку што треба да има сопруга и мајка на две деца“, вели Ѓоле Џогани за бракот со Слаѓа Делибашиќ.

Пејачот и танчар Ѓоле Џогани, пред бракот со Весна, бил оженет со пејачката Слаѓа Делибашиќ, со која има две ќерки, а за нивниот однос и ден-денес се зборува, иако веќе многу години не се заедно.

Во една пригода, Ѓоле проговори за причините за разводот со Слаѓа Делибашиќ:
„Кога ја градевме куќата во која сега живее Слаѓа, правев два ката, голем двор, замислував дека во тој дел, кога ќе бидам дедо, ќе печам скара.
Јас го гледав однапред целиот живот со неа, замислував внуци.

И одеднаш – крај. Бев изгубен, не знаев како понатаму.
Ја повикав заедно да одиме на разговор кај психолог и да видиме како ќе се однесуваме во новата ситуација и кон децата, затоа што јас не знаев како.
Ме погледна тогаш полна со себе и ми рече: ‘Ти и треба да одиш кај психијатар’.

Еднаш успеав да ја однесам и неа, но тоа не ѝ се допадна.
Не бев јас тој поради кого се случи разводот, туку таа.

Немавме многу, но за неа тогаш се закачија некои спонзори со поинаков начин на живот и некои мажи кои ја сакаа за себе и ѝ ветуваа сешто.

