„Вистинска домаќинка“ - Како се запознале Вељко и Богдана Ражнатовиќ?
Богдана и Вељко имаат три наследници – Крстан, Жељко и Исаија, а боксерот еднаш проговори и за желбата за четврто дете:
„Ова сè е од Бога, сите три сина. Како што Бог рекол – така било.
Јас се надевам дека четвртото, мислам, сега ќе направиме мала пауза бидејќи сме во целосен хаос (ха-ха), но навистина се надевам дека четвртото дете ќе биде девојче и дека ќе биде татина најмала принцеза.
Ќе има и некаква разлика во годините меѓу сите нив и така“.



Инаку, Вељко и Богдана ги споила неговата сестра Анастасија.
Таа уште при првата средба со сегашната снаа знаела дека таа е вистинската жена за нејзиниот брат.
Анастасија во една пригода изјави:
„Точно е дека јас бев виновникот за запознавањето на Вељко и Богдана.
Јас ја здогледав на Копаоник, не ја ни познавав, и само ѝ пријдов и ѝ реков дека е прекрасна.
‘Мислам дека ти си одлична девојка за мојот брат, тој е луд и мора да се смири, ти си вистинската’, тоа ѝ го реков.
Потоа таа ми рече дека ни не се познаваат, а кога ги запознав, таа првиот пат го ‘откачи’.
Тој беше запрепастен, бидејќи беше навикнат секоја девојка да му паѓа пред нозе.
Следниот пат пак ги споив, од тогаш се бакнаа и не се разделија“.