Продавала на пазар кога го запознала Вељко, заврши виша школа - Какво образование има Богдана Ражнатовиќ?
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
И иако во јавноста кружеа гласини дека Богдана не е образована и дека само ужива во милионите на нејзиниот сопруг, неодамна беше откриено дека таа може да се пофали и со диплома.

Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана, стана интересна за јавноста во моментот кога ја почна љубовната врска со Вељко.
Уште од првиот момент, многумина сакаа да дознаат нешто повеќе за девојката што му го украде срцето на синот на фолк-дивата, а тоа продолжи и откако стапија во брак и добија три сина.

Самата Богдана не се експонира многу, но каде ѝ да се појави сама или со сопругот, привлекува внимание - со стилот на облекување и скапите парчиња, односот со Вељко, со Цеца, но и со нејзините сестри, кои, поради Богдана, се исто така, често во медиумите.

За Богдана е познато дека е израсната во селото Тител близу Белград.
Во моментот кога се запознала со Вељко, таа им помагала на родителите, кои имале тезга на пазар и таму продавала за да заработи пари за џепарлак. Истото го правеле и нејзините сестри.
И иако во јавноста кружеа гласини дека Богдана не е образована и дека само ужива во милионите на нејзиниот сопруг, неодамна беше откриено дека таа може да се пофали и со диплома.
Богдана ја интересирале бизнис и економија, па таа завршила Виша деловна школа, и има диплома за сметководство и финансии.

И покрај ова, таа не е вработена и се грижи за своите три сина - Жељко, Крстан и Исаија.
Но, повремено прифаќа модни ангажмани, а коментарите се дека изгледа одлично на фотографиите.