Богдана Ражнатовиќ во бунда од 5.000€ во Русија - Со децата кај сопругот, кој ја напушти Србија пред 4 месеци
- Детали
- вторник, 10 март 2026
Овој пат Богдана е на гости кај Вељко заедно со нивните три сина, а боксерот сподели моменти од времето поминато со нив - го учи најстариот син да боксува додека се дома, ги водат децата на картинг.

Вељко Ражнатовиќ на почетокот на декември 2025 се пресели во Русија за да напредува во својата спортска кариера како боксер.
Тој постојано објавува фотки и видеа од своите тренинзи и неколкупати повтори дека нема да се врати во Србија без титула.

А додека е во Русија, сопругата често му доаѓа на гости - и за да му биде поддршка, но и за да не се долго време раздвоени.
Овој пат Богдана е на гости кај Вељко заедно со нивните три сина, па боксерот сподели моменти од времето поминато заедно со нив - го учи најстариот син да боксува додека се дома, ги водат децата на картинг.

Но, тој објави и фотка со Богдана, со опис „Мојата сопруга“.
Она што привлече големо внимание е бундата во сино тегет нијанса што ја носи таа, а која според српските медиуми е од нерц, и чини 5.000 евра.
Богдана секогаш внимава на стилот, а на повеќето фотографии што во изминатиот период Вељко ги сподели на Инстаграм, таа е секогаш во различна бунда.
Погледнете повеќе фотографии:


А. Ј. | Црнобело