Азис објави прва фотка од сопругот, откако се омажи во САД и ги покажа бурмите
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
Азис зад себе има еден истополов брак во Бугарија, но тој не е признат со закон, а со асистирано оплодување добил 3 деца со својата најдобра пријателка. Сега се омажи на Флорида и го покажа сопругот. Плус, како му изгледаше поранешниот „сопруг“?

Азис вчера на Инстаграм сподели дека се омажил во САД, откако сподели фотографија од својата и раката на партнерот со идентични бурми.
Toj напиша:
„Штотуку венчани, ти благодарам Америка!“
Денес, тој со фотографија го откри конечно идентитетот на својот избраник и судејќи според неговата униформа станува збор за лице кое работи во областа на медицината.
Парот е фотографиран на Флорида, од каде што Азис интензивно споделува фотографии во последно време.
Инаку, досега Азис зад себе има еден брак и тоа со Ники Парванов, познат како Ники Китаец.

Азис се омажи за Ники Парванов на 1 октомври 2006 година, но овој брак не е легално признат според бугарскиот закон затоа што истополови бракови не се дозволени во Бугарија.

Парот се разделил во 2008 година.

Инаку, Азис е татко на 18-годишната ќерка Раја, која ја доби со својата најдобра пријателка Гала преку асистирано оплодување во 2007 година.
Тој потоа со неа доби и уште една ќерка и син, за што зборуваше во една пригода во шоуто на Цеца.

Азис искрено зборуваше за односот со својата најстара ќерка:
„Ќерка ми на почетокот ме прашуваше зошто не ја сакам нејзината мајка, а потоа ѝ објаснив дека ја сакам, но на друг начин.

