Азис си стави импланти во градите и се огласи од болница: „Ќе имам убави машки спортски гради“
- Детали
- сабота, 21 февруари 2026
„Мојот омилен доктор ми постави МАШКИ, нагласувам МАШКИ, градни импланти. 600 кубика – по 300 на града. Вака ќе имам убаво нагласени, спортски гради“, вели Азис и објави фотки од болница.

Азис пред извесен период се омажи во САД, а со партнерот си ставија идентични бурми.

Но, сега бугарскиот пејач откри дека доктор во Бугарија му направил операција на градите, односно си ставил импланти за да добие убав спортски изглед.
Азис објави фотки од процесот на операцијата и напиша:
„Повторно доктор Николај Георгиев ми го оствари сонот! Ми постави МАШКИ, нагласувам МАШКИ, градни импланти.
600 кубика – по 300 на града. Вака ќе имам убаво нагласени, спортски гради.

На почетокот ќе бидат поголеми од вообичаено, но со време ќе спаднат и ќе се наместат.

Престојот во неговата клиника беше како да сум си дома. Целиот тим се уникатни, добри луѓе!

Докторе, ти си најголемиот професионалец на земјата!“
Прочитајте и Азис објави фотки со новиот избраник - носи капче со натпис „Го сакам мојот сопруг“, прегрнати на плажа
С. С. | Црнобело
