Азис објави фотки со новиот избраник - носи капче со натпис „Го сакам мојот сопруг“, прегрнати на плажа
- Детали
- петок, 30 јануари 2026
„Им посакуваме среќа на сите“, порача Азис заедно со сопругот и покажа како им изгледа секојдневието во САД. Се хранат еден со друг, уживаат на плажа...

Азис неодамна на Инстаграм сподели дека се омажил во САД, откако сподели фотографија од својата и раката на партнерот со идентични бурми.
Ден потоа, тој со фотографија конечно го откри идентитетот на својот избраник и судејќи според неговата униформа станува збор за лице кое работи во областа на медицината.
Но, сега одлучи да стави крај на мистеријата и да открие како изгледа нивниот живот во САД.

Од уживање прегрнати на плажа до хранење еден со друг и заеднички прошетки, како и носење капче со натпис „Го сакам мојот секси сопруг“, тие уживаат заедно.
„Им посакуваме среќа на сите“, порача Азис во описот на фотографиите.

Како изгледа нивното секојдневие:





С. С. | Црнобело
