Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва фотка со неа
Од Десингерица со сопругата до водителката Бојана Лазиќ, многу колеги од „Ѕвездите на Пинк“ исто така присуствуваа на забавата.

Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева (кликнете на видеото):
Инаку, Огњен не можеше да оди по Мина и Лола во породилиштето, бидејќи имал стомачен вирус, а примал дури и инфузија, па нивниот кум ги земал од болница.


Но, затоа веднаш по доаѓањето на наследничката дома ја зеде во прегратка и објави фотографија на која новороденчето му лежи на градите, а тој, од среќа, ужива со затворени очи покрај неа.

Водителот стави и заштитна маска, за да биде максимално сигурен дека нема да му пренесе вирус на бебето.
За српските медиуми тој изјави:
„Добри се и бебето и Мина, сè е во ред. Кога ја зедов ќерката во раце, чувството беше совршено, првпат женско дете, така што навистина е прекрасно.
Велат дека татковците се особено поврзани со ќерките и се надевам дека така ќе биде.
Лола најмногу ми личи на брат ѝ Перун“.

