Први фотки од Мелина Џиновиќ (45) со свршеникот (70) - милијардер од Монако, кој лани добил бебе со млада Украинка
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
Мелина Џиновиќ (45) се појави на ревија во Париз со свршеникот (70) - милијардер од Монако. Сосетка открива детали за Meлина: „Тој е навистина луд по неа и се труди да ѝ угоди во сè. Многу се дискретни, ретко излегуваат заедно одовде. Станот им е еден од најубавите во зградата...“

Мелина Џиновиќ (45) присуствуваше на ревија во Париз со својот нов свршеник (70), чие лице за првпат се појавува во јавност.

Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ (74) на ревијата на познат француски дизајнер се појави во црн фустан до колена, додека нејзиниот нов избраник носеше темно сако и ролка.

Инаку, 70-годишниот свршеник на Мелина е богат Англичанец кој живее во Монако.

Србинка која ѝ е сосетка во Монако, а чиј идентитет е познат на српските медуми, за Мелина вели:
„Овој стан во кој моментално живее Мелина не е нејзин, туку е во сопственост на нејзиниот партнер. Тој го поседува веќе неколку години.
Познат е на пошироката јавност во Србија, но не би навлегувала во тоа.
Точно е дека е милионер и дека е постар од Мелина 25 години. Жената дефинитивно сака постари мажи, тоа ѝ е фетиш.

