Бугарската пејачка Преслава (41) e на одмор во Тајланд со семејството - позира со нападна шминка на плажа
- Детали
- сабота, 31 јануари 2026
„ДНК тестот покажа: смелост - од тато, насмевка - од мене“, напиша Преслава, за ќерка ѝ која позира застаната на слон. Се сеќавате ли на оваа бугарска пејачка?

Бугарската пејачка Преслава (41) ужива на одмор во Тајланд, каде е заедно со своето семејство.
Тие уживаат во рајските плажи, дружбите со слонови, а таа позира и во бикини издание со шминка на плажа.

На објавата, каде семејно позираат со слон, Преслава напиша шеговит коментар за ќерка ѝ:
„ДНК тестот покажа: храброст - од тато, насмевка - од мене“.

Нејзината ќерка Паола стои на слонот, а Преслава му дозволува на слонот да ја гушка со сурлата.

Преслава очигледно ужива далеку од сцената и професионалните обврски.







