Ана Севиќ се омажи за милионер, има возен парк од 400.000 евра, а сегашниот и бившиот скандалозен сопруг ѝ се дружат
- Детали
- петок, 30 јануари 2026
По турбулентниот брак со пејачот Дарко Лазиќ, Ана Севиќ пронајде среќа и мир покрај милионерот Даниел Недељковиќ. Со него доби уште две деца, постојано одат на скапи патувања, живеат во луксузен комплекс во Белград и имаат неверојатна колекција автомобили.

Српската пејачка и водителка Ана Севиќ (40) ужива во семејната идила со сопругот Даниел Недељковиќ, со кого започна врска по распадот на љубовта со пејачот Дарко Лазиќ.
Ана и Дарко со ќерката Лорена:

Даниел е успешен бизнисмен, а според написите во српските медиумите и милионер. Тој е постар од Ана шест години, а се запознале преку заеднички пријател.
Ана Севиќ и Даниел тајно се венчаа во 2022 година, а пејачката со него доби уште две деца.
Во декември 2020 година ја роди ќерката Сена, а во март 2022 година синот Симеон.

Својата романса ја започнале во 2018 година, а во една пригода таа раскажа дека се познаваат од многу порано.

Ана во една пригода изјави:
„Даниел го запознав одамна, преку мојот најдобар другар. Даниел е човек со свој бизнис и нема врска со естрадата.

Тогаш се запознавме, но долги години не се среќававме, а потоа животот повторно нè спои. Тој е шест години постар од мене.
Даниел е моја огромна поддршка, и за мојата ќерка од првиот брак Лорена и за мене“.

Интересно е тоа што фирмата во која Ана некогаш работела се занимава со иста дејност како и фирмата на Даниел, како и дека нејзината мајка и неговиот татко се познавале повеќе од две децении.
„Јас ја работев неговата работа, тоа е навистина интересно, животот е чудо.
Мојата мајка и таткото на Даниел се познаваат повеќе 20 години.
За него знам уште од моментот кога дојдов во Белград, бидејќи фирмата на мајка ми соработуваше со неговата, а јас едно време работев во фирма која се занимава со истата дејност како и неговата, па тогаш бевме и конкуренција.

Сега постојано се шегуваме, а неговиот татко вели: „Добро ја познаваш работата, кога ќе ѝ се приклучиш на фирмата, ќе се потсетиш на старите денови.

Инаку, на темата нашата свадба, навистина ми е драго што успеавме да ја сокриеме свадбата од јавноста.
Се венчавме во околината на Шабац пред матичар и во црква. Го зедов презимето на Даниел.