Жаре Бербер со искрена исповед за бракот: „Многупати кога сум се враќал дома требало да најдам празни шкафови“
- Детали
- петок, 30 јануари 2026
„Кога мислиш дека си ку*ац ипол во животот, тогаш леташ и тогаш ти се случуваат сите циркузи. И дома и секаде... Но, жената всушност е столб на семејството, верувај ми“, вели Жаре Бербер во подкастот на Сергеј Варошлија и зборува за сопругата Даниела.

Жаре Бербер гостуваше во подкастот „Урок“ на Сергеј Варошлија, а меѓу другите теми проговори и на тема бракот со саканата Даниела.

Сергеј го запраша за функционирањето со сопругата:
„Долги години си во брак, плус пред тоа имаше врска, еден од ретките си (пу-пу) којшто има брак, а притоа имаш јавна професија, а твојата сопруга не е јавно експонирана личност.
Па, ме интересира како она се носи со твојата популарност, и на времето и сега, бидејќи ти си насекаде“.

Жаре вели:
„Мораш да имаш силен човек покрај себе. Жената е столбот.
Знаеш може да си ме прашал пред 10 години, или во некој афект на излив на нервоза, јас можеби би кажал којзнае што, дека ние мажите сме всушност главните, нели?
Но, жената всушност е столб на семејството, верувај ми“.

„Имало ли ситуации кога морала да преќути?“, го праша Варошлија, а Жаре откри:
„Многу, многу, многу, она имала многу ситуации, имало дури и ситуациии кога може јас сум требал дома да дојдам дома и да видам само дека шкафовите се празни.
Реално така е! Меѓутоа храброста нејзина и љубовта пред сè да го издржиш тоа е најважна. Верувам дека сакала, дека имала љубов кон мене.
И тоа е доволен показател да возвратиш со љубов, иако кога мислиш дека си ку*ац ипол во животот, тогаш леташ и тогаш ти се случуваат сите циркузи. И дома и секаде...

Кога ќе почне некако да паѓаш, да проаѓаат години, ќе почнеш од рафтот твој да тргаш, одредени ликови на кои гледаш дека во животот си им бил само паљачо.
Така што во животот и луѓето и партнерите и оние коишто живеат и коишто се дружат, треба да си се најдат“.
Кликнете на видеото: