Едита раскина со мажот со кого чека дете - Бил мета на убиство, по грешка му ја убиле тогашната девојка

Само неколку недели откако Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со Ненад Стевиќ, парот веќе не е заедно. Кој е поранешниот партнер на пејачката, кој има сомнително минато и го поврзуваат со српското подземје?

edita-raskina-so-mazhot-so-kogo-cheka-dete-bil-meta-na-ubistvo-po-greshka-mu-ja-ubiele-togashnata-devojka-01.fw.jpg

Пејачката Едита Арадиновиќ, која неодамна откри дека е бремена со своето прво дете, веќе не е во врска со таткото на бебето, и нејзин долгогодишен партнер, Ненад Стевиќ.

Според српските медиуми, парот решил да се раздели мирно, без кавги и драми, бидејќи им се разидуваат животните патишта, но сепак ќе останат во пријателски односи поради детето кое ќе се роди за неколку месеци.

Едита и Ненад, наводно, подолго време размислувале да стават крај на врската. Одлуката не била импулсивна, но сепак е изненадување, зашто доаѓа само неколку недели откако се дозна дека чекаат бебе.

edita-raskina-so-mazhot-so-kogo-cheka-dete-bil-meta-na-ubistvo-po-greshka-mu-ja-ubiele-togashnata-devojka-06.jpg

Тие во декември 2025 уште еднаш ја изненадија јавноста кога се појавија заедно на концертот на Саша Ковачевиќ во Сава Центар, што беше нивно прво заедничко појавување.

Претходно, врската ја чуваа приватна, со исклучок на неколку фотографии кои Едита ги сподели на Инстаграм Стори.

Уште тогаш јавноста сакаше да дознае повеќе за Ненад, кој делуваше како да се крие од медиумите.

edita-raskina-so-mazhot-so-kogo-cheka-dete-bil-meta-na-ubistvo-po-greshka-mu-ja-ubiele-togashnata-devojka-02.jpg

Што знаеме за поранешниот партнер на Едита?

Ненад бил цел на обид за атентат во Нови Сад, но наместо него била убиена неговата тогашна девојка, Теодора Каќански.

Трагедијата се случила кон крајот на 2016 година, а првите резултати од истрагата покажале дека Теодора, која била фитнес инструкторка, е убиена по грешка и дека вистинската цел бил Ненад.

Таа е застрелана во џипот на Ненад, а убиецот најверојатно од затемнетите стакла на автомобилот не видела дека на возачкото седиште не е Ненад, туку жена.

Убиецот, истрчал од грмушките во близина, во кои се криел и испукал 5 куршуми кон девојката, па избегал од местото на настанот.

edita-raskina-so-mazhot-so-kogo-cheka-dete-bil-meta-na-ubistvo-po-greshka-mu-ja-ubiele-togashnata-devojka-05.jpg

Една година подоцна, во 2017-та, Ненад бил уапсен под сомнение дека се обидел да го киднапира Горан Цвијетиќ, мажот осомничен за убиството на Теодора. Му бил одреден притвор до 30 дена, а според српските медиуми, оваа постапката е сè уште во тек.

Неофицијално, по убиството на Теодора, самиот Стевиќ почнал да води своја истрагата за убиството, со цел да го најде можниот нарачател.

Освен ова, Стевиќ зад себе има преку 10 кривични пријави за различни кривични дела, а полицијата го поврзува и со еден од новосадските криминални кланови.

edita-raskina-so-mazhot-so-kogo-cheka-dete-bil-meta-na-ubistvo-po-greshka-mu-ja-ubiele-togashnata-devojka-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол ... Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции за радост - ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава