По Милица Тодоровиќ, и сопругата на таткото на нејзиното бебе одново се огласи: „Ја интересираше дали сме интимни“
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
„За мене овој брак е завршен. Тие си заслужуваат еден со друг. Не сакам повеќе ништо да имам со него“, вели сопругата на таткото на бебето на Милица и тврди дека пејачката ја интересирало само дали се во отворен брак. Милица беше изненадена со трубачи од саканиот по пристигнувањето дома, а и македонски пејач ја поддржа јавно пејачката.

Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на 3 февруари и на свет го донесе синот Богдан, кого го доби со оженет маж и веста предизвика лавина од реакции.
Милица викендов со бебето го напушти породилиштето и се врати дома, а по неа дошла нејзината мајка Јасмина за да ѝ помогне околу работите, пишуваат српските медиуми.

Сепак, следело изненадување кое ги изненадило соседите на Милица во луксузната населба на Нов Белград, каде што живее.
Според станарите, пред зградата на пејачката се појавиле трубачи и отсвириле десетина песни за неа.

Еден од соседите за српските медиуми вели:
„Беше целосно неочекувано, луѓето излегуваа на прозорците за да видат што се случува. Сите, веднаш, помислија дека музиката е за Милица.
Трубачите стоеја пред влезот и свиреа, беа многу елегантни.
Атмосферата беше навистина весела, многумина снимаа и гледаа“.

Иако не е официјално потврдено, наводно станува збор за изненадување што го испратил нејзиниот партнер по повод раѓањето на синот.
Инаку, мажот со кој Милица го доби детето е во брак и има два сина. Неговата сопруга во исповед за медиумите откри дека пред еден месец дознала за Милица, како и дека дури имала и средба и разговор со пејачката.
Инаку, Милица Тодоровиќ се огласи на 6 февруари со соопштение за јавноста околу скандалот и објави прва фотографија од синот од породилиштето.

Таа во соопштението замоли за разбирање и наведе дека поминува низ пекол откако се породила и дека не ѝ било дадено право да ужива во првите денови на мајчинството.
Прочитајте и Прво обраќање на Милица Тодоровиќ по скандалот: „Никој не праша како сум јас, 3 дена поминувам низ пекол“

Но, и сопругата на партнерот на Милица одново се огласи и Љ.М. за Pink.rs вели:
„Сè ме стигнува, не можам да се смирам. Таа жена во ниту еден момент не праша како се чувствуваат моите деца.
Не знам каде е тој сега, очигледно не му е грижа за нас и за децата, овој брак е дефинитивно завршен. Јас повеќе не можам вака.
Кога бев кај неа, нејзиниот единствен проблем беше дали ние сме во отворен брак.
Моите деца дома плачат поради неа.
