На 10-годишната ќерка ѝ даде да вози, купи луксузен стан во Дубаи: Скандалозната ќерка на Ѓоле Џогани и Слаѓа
- Детали
- сабота, 14 февруари 2026
Силвија се најде среде скандал кога ѝ дозволи на ќерката на 10 години сама да седне зад воланот, додека таа е на совозачкото седиште, по што следеше лавина од критики дека не е во ред на толку мало дете да му се дозволи да управува со автомобил. Таа искрено зборуваше и за првите години по разводот на нејзините славни родители...

Пејачот и танчар Ѓоле Џогани, пред бракот со Весна, беше оженет со пејачката Слаѓа Делибашиќ, со која има две ќерки, Маринела и Силвија Делибашиќ.

Во медиумите почесто има написи за Силвија поради нејзиното, на моменти, скандалозно однесување.

Таа, покрај сестрата Маринела, има и полубраќа од страна на татко ѝ, од неговиот брак со Весна Џогани.
Силвија била во брак со Бранислав Мариновиќ, со кој има ќерка по име Тија, која е родена 2013-та година.
Ќерката на Џогани постојано објавува провокативни фотки на Инстаграм.
Сега си купи стан во Дубаи, а во 2023-та година ја запрепасти јавноста кога на 10-годишната ќерка, во тоа време, ѝ даде сама да управува со автомобил.

Инаку, Силвија има обиди за градење на музичка и актерка кариера.
