„Ме тепаа, ме навредуваа“ - Скандалозната сестра на Луна Џогани за врсничкото насилство и дечкото што беше во затвор
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Бев жртва на врсничко насилство, кога бев мала. И во училиште и во населбата каде што излегував, децата навистина не ме сакаа. Ме тепаа, ме навредуваа, понекогаш ме удираа, ме штипкаа...“, емотивно вели Нина Џогани, додека Луна е покрај неа, повторно со естетска корекција на себе.

Поранешната ријалити победничка и пејачка Луна Џогани гостуваше кај Огњен во емисијата „Амиџи шоу“, со мајка ѝ Анабела и помалата сестра Нина.

Инаку, Луна се појави со драстично променет изглед, односно по направена естетска корекција на градите.

Таа и претходно ги има зголемувано градите, но сега промената е драстична.
Во гостувањето Нина Џогани, која пак има правено корекција на носот, зборуваше за врсничкото насилство што го трпела.

Таа вели дека во училиште ја малтретирале само затоа што е дете на познати родители.
Нина вели дека најлошо било за време на првата сезона на ријалити шоуто каде учествувала нејзината сестра, која била под силна осуда од јавноста поради врската со оженетиот Слоба Радановиќ.

На прашањето: „Најлошото нешто што си го доживеала само затоа што си Џогани?“, Нина вели:
„Бев жртва на врсничко насилство, кога бев мала. И во училиште и во населбата каде што излегував, децата навистина не ме сакаа.
Ме тепаа, ме навредуваа, понекогаш ме удираа, ме штипкаа...

Причината беше тоа што сестра ми е Луна и што родителите ми се познати.
Тоа беше најизразено кога се емитуваше првата сезона на ријалити шоуто. Престана кога го завршив основното училиште“.

Инаку, Нина е во врска со дечкото кој беше во затвор извесен период од врската.
На прашањето за него, таа вели:
„Да, излезе од затвор. Не беше тешко да ја одржуваме врската, но толку многу пати ја имам раскажано таа приказна што...
Сега е сè во ред, се сакаме, тој е одлично момче и немаме никакви проблеми“.


Инаку, Нина на роденденот на Луна зборуваше за тоа дека е дете од мешан брак и дека самата избрала на која вера ќе припаѓа.
„Иако сум од друга вера, како мала не знаев ништо за верата.
Подоцна одлучив дека ќе бидам православна, а луѓето често ме прашуваат зошто се огласувам за Божиќ ако сум муслиманка.

Не, јас избрав да бидам православна и мислам дека тоа секој треба да го почитува“.

За ова Луна вели:
„Ние сме од мешан брак и ги почитуваме двете вери, нашиот татко и целото негово семејство го слават Бајрам“.
