На 10-годишната ќерка ѝ даде да вози, купи луксузен стан во Дубаи: Скандалозната ќерка на Ѓоле Џогани и Слаѓа
Таа ја започнала музичката кариера со дуети, а првата песна „Уникат“ ја снимила со нејзината мајка, Слаѓа Делибашиќ.
Се пробала и на филмското платно, односно глумела кафеанска пејачка во „Зона Замфирова“.

Инаку, таа пред извесен период се пресели во Дубаи, каде што ќе живее во луксузен стан во најскапиот кварт во Дубаи.
Кликнете на видеото:
На Инстаграм таа се пофали со новиот дом и призна дека омилено место ѝ е балконот од кој се простира прекрасен поглед кон пристаништето.

Инаку, цената по квадратен метар во овој луксузен кварт се движи од 3.500 до дури 10.000 евра.
„Мојот прв стан во Дубаи“, напиша таа.
Кликнете на видеото од нејзиниот луксузен стан:
Инаку, Силвија доби критики од јавноста кога во 2023-та на Инстаграм покажа како нејзината ќерка учи да вози автомобил во Србија.
Силвија ѝ дозволила на ќерката сама да седне зад воланот, додека таа била на совозачкото седиште, по што следеле бројни коментари на социјалните мрежи дека не е во ред на толку мало дете да му се дозволи да управува автомобил.
