На 10-годишната ќерка ѝ даде да вози, купи луксузен стан во Дубаи: Скандалозната ќерка на Ѓоле Џогани и Слаѓа

Инаку, во една пригода Силвија проговори и на тема како го прифатила разводот на нејзините славни родители:
„На мајка ми ѝ беше тешко повторно да започне од почеток, но таа е силна жена и сакаше сè да истера сама.
Памтам некои ситуации кога се иселивме со мајка ми, а татко ми остана во нашата семејна куќа.

Мајка ми сакаше да започне самостоен живот, но беше многу силна и не сакаше да ни покаже дека ѝ е тешко.
По тоа, сè си дојде на свое место. Таа е лавица, таква жена досега немам сретнато“, изјави Силвија, а потоа додаде дека по разводот татко ѝ останал да живее во куќата во која таа пораснала.

Таа куќа сега во дворот има уште две куќи – во едната живеев јас, а во другата мојата сестра.
По разводот, мајка ми, сестра ми и јас отидовме како потстанари и така живеевме неколку години.

Потоа се вративме во куќата кога мајка ми и татко ми ги регулираа меѓусебните односи, и тогаш сè ѝ припадна на мајка ми, односно го поделија имотот - имаа договор и тогаш татко ми се исели од куќата“.

Прочитајте и Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзори“
С. С. | Црнобело