„На естрадата има многу вонбрачни деца“ - Дара Бубамара ја брани Милица Тодоровиќ откако му роди дете на оженет маж
Таа додала и дека има многу вонбрачни деца на естрадата и дека таа ги чува тајните на многу колеги.
„Естрадата е полна со вонбрачни деца, ги знам тие тајни, но тоа е нивниот живот, а Милица е веројатно интересна во моментов.
Нека ужива жената со своето дете, со своето семејство, ова се најубавите денови.
Не ме интересира вереникот, важно е децата да се раѓаат, без разлика дали се во брак или вонбрачна врска, што повеќе деца да има во Србија“, додала таа.

Иако пејачката не спомнувала имиња, низ годините се појавија неколку скандали со вонбрачни деца, а во кои се вклучени јавни личности.
Најпознатиот е оној со Мирослав Илиќ, кој не сака да го признае својот син Девин, дури и кога по 15 години судење, ДНК анализата потврдила дека тие се татко и син.

Починатиот пејач Маринко Роквиќ има вонбрачен син, Дарио, кого го добил пред да се ожени со сопругата и да му се родат синовите Никола и Марко. Но, Маринко никогаш не криел дека е татко на Дарио и го признал по раѓањето.
Трите синови на Маринко Роквиќ, кои се многу блиски
Вонбрачна ќерка има и Драган Којиќ Кеба, но тој не сака да има контакт со неа. Овој случај заврши на Меѓународниот суд во Стразбур, но и покрај тоа што се утврди дека Кеба е татко на девојката, тој реши да не ја признае за своја.
И Горан Бреговиќ има вонбреачна ќерка, Жељка, која ја признал за своја.

Шабан Шаулиќ на 18 години добил вонбрачен син и го признал, па плаќал и алиментација за него додека тој не станал полнолетен.
Прочитајте и Кеба не сака да ја види ќерката, Мирослав Илиќ не го признава синот - Познати мажи од регионот со вонбрачни деца
А. Ј. | Црнобело