„На естрадата има многу вонбрачни деца“ - Дара Бубамара ја брани Милица Тодоровиќ откако му роди дете на оженет маж
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Иако Дара Бубамара не спомна имиња, се знае дека Горан Бреговиќ, Маринко Роквиќ и многу други познати Срби имаат вонбрачни деца - едни ги признаа, други не сакаат да слушнат за нив. Кој друг има вонбрачно дете на српската естрада?

Информацијата дека пејачката Милица Тодоровиќ роди дете од врска со оженет маж ја разбранува јавноста, па последниве денови сите зборуваат за скандалот и нејзината забранета врска.
Во српските медиуми освен што се пишува за Милица, нејзините блиски и се споделуваат изјави од сопругата на оженетиот партнер на пејачката, новинарите ја користат секоја прилика да ги прашаат и јавните личности што мислат за неа.

Во одбрана на Тодоровиќ застана Дара Бубамара, која пред снимањето на нова епизода од шоуто „Ѕвездите на Гранд“, застана да одговори на неколку новинарски прашања.
А едно од прашањата беше токму за Милица, која пред една недела го доби синот Богдан со оженет маж, кој веќе има две деца.

Дара одговори дека ѝ честитала на колешката за раѓањето на синот, но дека не ја интересираат приказните за партнерот со кого го добила детето.
„Разговарав со Милица штом се породи, ѝ честитав, ѝ реков „Да си жива и здрава, и ти и твојот син, и ќе видиш што значи да се има син“.
Таа одговори „Ти благодарам, љубов“, и тоа е тоа, не ме интересира останатото.

Не сакам да влегувам во туѓи животи, не ме интересира дали девојката е помлада, типот е постар, кој што прави.
За мене е сосема бесмислено да размислувам со кого е Милица, дали е тој женет.
Таа е моја драга колешка која многу ја сакам, со која сум се дружела, соработувала. Конечно се оствари како мајка, ѝ честитав, пресреќна сум за неа“, кажала Дара.
