Ја изневеруваше сопругата 10 години, доби син со љубовницата - Скандалозниот љубовен живот на Хари Мата Хари
Со тоа демантираше дека Варешановиќ многу доцна дознал за тоа дека има уште еден син.
„Сакам да ги демантирам медиумските наводи што циркулираат со години.
Хари Варешановиќ знаеше за својот син од првиот ден, односно дозна за мојата бременост на истиот ден кога дознавме и јас и моето семејство, во ноември 1991 година.
Маја и Хари заедно меѓу гостите на свадбата
Причината за моето сегашно соопштение е да го прекинам синџирот на невистини што трае од крајот на војната до денес.
Ниту мојот син ниту јас не сме јавни личности за да сме изложени на медиумите, а јас сум принудена да ставам крај на невистините.
Сакам да го заштитам мојот син и угледот на семејството“, изјавила тогаш Маја.

Таа кажала и дека Хари дознал за бременоста дури и пред нејзините родители.
„Отидов на лекар, а потоа, заедно со сестра ми, отидов кај Хари да го информирам за новата ситуација.
Хари знаеше за своето дете од првиот ден, тој е во контакт со мене од првиот ден.
Од бременоста, раѓањето на Мак, па до денес, тој учествува во воспитувањето и животот на својот син“, рекла таа.

Хари му го даде своето презиме на синот, а во 2017 година, кога Мак се женеше, пејачот беше главен организатор на свадбата.
Мак на својот Фејсбук има и фотографии од венчавката, на која се заедно Хари и неговата некогашна љубовница Маја.
Хари признава дека својата втора сопруга Јасмина ја запознал во 1994 година и дека дури тогаш сфатил што е вистинска љубов.
Хари и Јасмина се венчаа во 2010 година, а пејачот долго време живееше на линија Сараево-Минхен за да биде и со сопругата и да не ги запостави децата од првиот брак.

Прочитајте и Хари Мата Хари за CRNOBELO: „Ги сакам прошетките низ Старата скопска чаршија, Македонките имаат поглед кој не се заборава“
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук
