Mу ги скршија ребрата на синот на Снежана Ѓуришиќ - Лежел во затвор, предизвикал смрт на бивша девојка
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
„Во автомобилот, додека возев, се случуваше нешто непримерно и во еден момент изгубив контрола и удрив во бандера. Тоа непримерно однесување можеби било и нешто убаво“, изјави Марко Гвозденовиќ за мигот кога во автомобилска несреќа ја уби бившата девојка Јелена. Потоа тој беше пријавен за семејно насилство и претепување на сопругата Ѓурѓа, со која има две деца.

Синот на српската фолк пејачка Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ, бил претепан ноќеска во стан во Белград.
Снежана Ѓуришиќ и нејзиниот син наводно со години не разговарале.

Маж, чиј идентитет ѝ е познат на српската полиција, брутално го претепал Марко, кој поради сериозноста на повредите, кои вклучувале и скршени ребра, веднаш бил пренесен во болница.
Според неофицијални информации, Марко на истражните органи им изјавил дека на нападот му претходел повик од сосед.

Тој отишол на договореното место, мислејќи дека со соседот ќе ги реши недоразбирањата преку разговор. Наместо дијалог, следела серија удари.
Со лекарски преглед било утврдено дека Марко има скршени ребра и бројни подливи. Поради сериозноста на повредите, бил задржан на понатамошно лекување.
Инаку, Снежена го има Марко од бракот со покојниот сопруг, но, за жал, Марко ѝ задава многу проблеми, започнувајќи од 2001 година, пишуваат српските медиуми.
Во 2001 година Марко предизвикал сообраќајна несреќа, кога управувајќи автомобил во алкохолизирана состојба ја усмртил својата тогашна девојка Јелена, ќерка на хармоникашот Миодраг Пауновиќ.
Истрагата утврдила дека во моментот на несреќата имал 2,16 промили алкохол во крвта. Марко поминал три години во затвор.

Снежана во една пригода изјави:
„Мојот син сакаше да пие и направи несреќа. Тоа беа страшни денови, особено за семејството кое ја загуби ќерката Јелена.
Ја продадов куќата бидејќи во неа многу плачев. Мојот син сè уште не се вратил на својот живот“.
Марко, пак, по затворскиот период изјави:
„Во автомобилот, додека возев, се случуваше нешто непримерно и во еден момент изгубив контрола и удрив во бандера.
Тоа непримерно однесување можеби било и нешто убаво. Можеби во тој момент се бакнавме или нешто друго. Не е убаво сега да зборувам за тоа.
Долго лежев во болница, имав 17 операции, половина стомак немам, лекарите едвај ми ја спасија ногата. По закрепнувањето бев три години во затвор“.

Откако ја одлежал казната, следувале и други кривични дела.
Во 2015 година против него бил покрената постапка поради сомнение за семејно насилство и претепување на сопругата Ѓурѓа, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.
Наводно првпат ја тепал во септември 2013 година, а вторпат во април 2014 година, кога полицијата интервенирала по пријава за насилничко однесување итн.
По овие скандали, Марко се развел од сопругата Ѓурѓа, со која има две деца – синот Милош и ќерката Лана.