Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорта“ (видео)
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„На почетокот на врската Зорана често ми го проверуваше телефонот, посебно после настапи. Нормално е да не си веруваме. Во минатото сум изневерувал и не се гордеам, но сум бил млад и ми се отвораа шанси за девојки за една вечер. Меѓу нив имало и колешки...“ – Саша Ковачевиќ брутално искрен за љубовниот живот.

Саша Ковачевиќ месецов одржа неколку концерти кои поминаа одлично, а неодамна тој имаше интервју за Alo.rs, во кое беше многу искрен како за кариерата, така и за приватниот живот.
Тој зборуваше за концертите, за музиката, за љубовта, односот со саканата Зорана, но и со колегите.
Она што изненади многумина беше кога „како од пушка“ среде разговор беше прашан како тој реагира на изневерување.
„Па веројатно како и секоја нормална личност. Тоа значи да го предадеш најблискиот партнер, не е убаво чувство“ - одговори тој.

Очекувано, следното прашање беше дали тој некогаш изневерувал, на што без размислување, кажа:
„Да да, знаев веднаш што ќе ме прашаш следно. Сум изневерил и воопшто не сум горд на себе за тие работи, но што да кажам. Тоа си доаѓа со годините. Ние мажите сме чудна сорта.
Веројатно и јас сум бил изневерен, но не сум дознал за тоа. Кога би дознал, реакцијата би ми зависела од степенот на љубовта, страста и емоцијата вклучени во целиот однос.
Тоа диктира каков ќе биде твојот следен чекор. Никој од нас не сака да биде изневерен, но како ќе се одвива ситуацијата, зависи од многу фактори, дали си во брак, дали имате деца, дали се сакате, па ако те сакала зошто те изневерила, не знам измешано е, не знам што да кажам.
Не би ми било пријатно, би го гледал како некој свој личен неуспех да одржам формација на семејството на куп.

Можеби јас не сум правел нешто добро за да се случи тоа, а можеби и сум правел, зависи, не сакам да ја барам вината во еден човек.
Кога сте во заедница со партнер, со нормален однос, сметам дека комуникацијата нешто може да реши, нешто можеби и не, но искрено не знам како би реагирал.
Досега не сум имал таква ситуација да знам дека некоја девојка ме изневерила, веројатно се случило, бидејќи и самиот јас сум имал некои такви испади на кои не сум горд.

А на некои можеби и сум, млад влегов во шоубизнисот, бев незрел и некако ти се отвораат врати.
До 17, 18 години уште си дете и потоа ти се отвора цела ширина на светот, тогаш си најјак и можеш сè и некои врски на една ноќ ти се отвораат, никој на 18 години не функционира по принцип дека ќе се жени“.

Погледнете извадок од ова признание на Саша:
