Саша Ковачевиќ брутално искрен: „Сум изневерувал и не се гордеам со себе – ние мажите сме чудна сорта“ (видео)
На крај, по долго филозофирање на темата, се пошегува и ја праша водителката дали таа изневерувала, по што таа му постави уште неколку прашања.
Српскиот заводник призна дека повеќе имал девојки за една вечер отколку врски, а открива и дека можеби некоја од тие била со некоја колешка.
Зборуваше отворено и за љубомората и односот со вереницата Зорана:
„Не знам дали е љубоморна, јас се трудам целото свое време да ѝ го посветам неа, исто како и таа на мене, освен ако некој не е тука за деловен пат.
Нема причина никој да биде љубоморен.
Сме ги имале тие фази во првата година, кога страста е најинтензивна, тогаш си и посесивен и љубоморен и има прашања кој ти е овој бивши и кој ти е овој другар, оваа другарка...

Но сега сме веќе 9 години заедно и толку сме посветени еден на друг, со неа сум од утро до мрак, освен кога сум на тренинг, во ресторан или на концерти.
Не сум тип што кога не работам, ќе седнам со другарите во среда, четврток, петок во кафeана, па да не кревам телефон, јас не сум тој тип, таа знае во секој момент каде сум, а најчесто сум покрај неа.
Нема непријатности од типот дека некој не смее да го земе телефонот на другиот, не криеме ништо. На почетокот јас бев пољубоморен од неа, но и таа знаеше често да ми го проверува телефонот тогаш, посебно после настап...“

Погледнете го целосно неговото гостување во кое открива многу детали за себе:
M. M. | Црнобело
