Вознемирувачко видео: Дете падна од жичница на Јахорина во Босна – скијачите не успеаја да го фатат, има скршеници
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
На социјалните мрежи вирално се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како дете виси од корпа на жичница и веќе во следниот момент паѓа – група скијачи оддолу пробуваат да го фатат, но не успеваат. Детето е во болница со скршеници.

Во ски-центарот на Јахорина во Босна и Херцеговина вчера се случил непријатен инцидент, кога дете паднало од жичница.
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како детето со скии виси и се држи за корпата од жичницата, а веќе во следниот момент паѓа.
Скијачите кои се нашле на стазата, се обидуваат да го фатат но не успеваат толку брзо да изреагираат.
Од Горската служба за спасување за српските медиуми потврдиле дека несреќата навистина се случила, а Klix.ba дошле до потврда дека детето се здобило со повреди на ногата и е пренесено во болница, каде ќе биде задржано на лекување.
Засега нема други детали околу тоа што се случило, како дошло до испаѓањето од корпата на жичницата и каква е моменталната состојба на момчето.
Босанските медиуми не успеале да извлечат информација ниту од Обвинителството, ниту од Министерството за внатрешни работи, па се во исчекување на нови детали за случајот.
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело