Позитива на денот: Дедо од Србија го прослави 90-тиот роденден со скијање и јакна со кул натпис
- Детали
- петок, 20 февруари 2026
Најинспиративна вест денес – Сретен, кој е најстариот активен скијач во Златибор, денес го прослави 90-тиот роденден со скијање и со јакна на која пишува: „90+ години живот, 75+ години скијање“.

На Инстаграм профилот каде редовно споделуваат информации за сите ски-центри во Србија, осамна информација која дефинитивно е позитива и инспирација на денот.
Оттаму споделија дека Сретен Димитријевиќ е најстариот активен скијач во ски-центарот Торник на Златибор, кој сега го прославил својот 90-ти роденден.
Тој скија веќе 75 години, а и за својот јубилеј, го искористил денот за роденденски спуст, а потоа прославил со блиските, кои го изненадиле со торта со скии.
Сретен носи и кул јакна со натпис „90+ години живот, 75+ години скијање“.

Ваквите луѓе се реткост, но вистинска инспирација.
Во описот на објавата од „Скијалиште Србије“ напишаа:
„Денес во Ски-центарот Торник му прославивме 90-ти роденден на нашиот најстар активен скијач на Златибор, Сретен Димтријевиќ. Сретен е скијач веќе 75 години. Денес му е 27-ми скијачки ден од оваа сезона, а ние му посакуваме уште многу години уживање на снег!“.



М. М. | Црнобело
