Србинка со свршеникот фудбалер живее во Холандија: „Ми даде клуч и кредитна картичка, пред да ме запознае во живо“
На тема коментарите за нејзиниот изглед Зорана вели:
„Постојана тема се моите гради, не знам ни каде сум рекла дека сакам повторно да ги оперирам.

Се помирив со тоа дека никогаш нема да имам гради какви што јас сакав. Имам многу широк граден кош и за мене тие се преголеми.
Во 90 проценти од случаите ги прикривам. Тој ги обожава.

Кога се здебелив во Америка во 2023 година, реков дека ќе ги извадам, но тој беше во депресија поради таа идеја, па од тоа нема ништо.

Таа додаде дека моментално има импланти од 600 кубика и дека би ги намалила на 500, но поради градбата на телото првично избрала поголеми за да ја пополни празнината меѓу градите.

„Не знам што ќе правам, не ми се оди под нож по третпат. Можеби некогаш откако ќе родам дете.

Не ми пречат, но тешки се. Сепак, нему толку многу му се допаѓаат што тоа ми е доволно“.
