Србинка со свршеникот фудбалер живее во Холандија: „Ми даде клуч и кредитна картичка, пред да ме запознае во живо“
- Детали
- недела, 22 февруари 2026
„Се помирив - никогаш нема да имам гради какви што јас сакам. За мене тие се преголеми, но мојот свршеник ги обожава. Кога реков дека ќе ги извадам, тој беше во депресија, па ништо од тоа“, е уште една од бизарните изјави на Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, која постојано се фали со луксузните подароци од партнерот.

Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, објави фотографии како ужива во Мајами.
Популарната српска инфлуенсерка позираше самоуверено во кафуле со широки фармерки и маичка со деколте.


Инаку, Зорана со својот свршеник живее во Холандија, а во една пригода предизвика големо внимание кога откри детали од нивната врска.

Нејзиниот свршеник е фудбалерот Елој Рум, кој живееше во Охајо кога го запознала преку апликација за состаноци.

Зорана за него изјави:
„Ми даде клуч од куќата и кредитна картичка, пред воопшто да ме запознае во живо.
Се преселив на друг континент поради него по само десет дена.

Ми рече дека ме сака по две недели, а по три месеци се преселивме назад во Европа. Оттогаш секој ден го поминуваме заедно“.
