Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот?

По веста за нивната брачна состојба, во српските медиуми осамна и нивната имотна состојба.
Парот со децении ужива во раскошен стан во една од најпрестижните белградски населби, а Весна откри дека поседуваат уште неколку имоти.
Сепак, она што најмногу ја воодушевило бил роденденскиот подарок од Ѓоле во декември минатата година.
„Цвеќе и бонбони не ме интересираат! Ѓоле за роденден во декември ми купи парцела со површина од 60 ари, тоа ме воодушеви!
Сега, имаме некои пет-шест имоти, таму кај Мали Пожаревац, близу Младеновац...“

Иако ги поседуваат овие оази на мир надвор од градот, Весна сепак повеќе го сака животот во метропола:
„Сепак, руралниот живот е за Ѓоле, јас сум градски тип, сакам гужви“.
Инаку, пејачката во повеќе наврати отворено зборуваше за своето тешко детство во стара куќа, која неодамна е срушена, а на таа атрактивна локација сега се гради модерна повеќекатница во која Весна ќе добие гарсоњера.

Како што тврдат соседите за српските медиуми, нејзината мајка долго одбивала да се исели и не сакала да преговара со инвеститорите.
„Мајката на Весна остана да живее во таа стара куќа долго откако Весна се отсели.
Со години ги одбиваше понудите на инвеститорите кои сакаа да го откупат плацот. Не им веруваше, мислеше дека сакаат да ја измамат и не сакаше ни да ги сослуша“.
Ситуацијата се променила кога Ѓоле ја презел работата во свои раце и постигнал успешен договор.
„На крајот инвеститорот успеал да стапи во контакт со Ѓоле, кој ги презел преговорите и договорот бил постигнат.
Договорено е на местото на старата куќа да никне зграда, а за возврат Весна и нејзината мајка добиле гарсоњера со квадратура што одговара на нивниот стар дом.
Ќе биде убава, уредна зграда, а и станот ќе биде сосема пристоен. Верувајте, ова место некогаш изгледаше запуштено, но со новоградбата сè добива сосема нов изглед.
Локацијата е одлична и вистински бисер во градот“.

Прочитајте и Мајка ѝ ја оставила во дом, не им верува на видеата на кои сопругот ја изневерува - Што знаеме за Весна Џогани?
С. С. | Црнобело
