Гените се чудо: Ќерката на Ана Михајловски Грубин порасна во вистинска убавица - совршена е и во бикини без шминка
- Детали
- недела, 01 март 2026
„Сè што јас не сум, а сакам да бидам, таа е... Му благодарам на универзумот што ми ја испрати токму таква каква што е, без разлика колку пати дневно ми ја треска вратата пред носот“, вели Ана Михајловски Грубин за најстарата ќерка.

Ана Михајловски Грубин од бракот со Горан Стаменковиќ, сопственик на продуцентската куќа „Emotion“, ја доби ќерката Ива во октомври 2006 година.

Парот е разведен, а нивната ќерка Ива Стаменковиќ денес има 19 години и е вистинска убавица.

Потоа, Ана беше во брак со Марко Грубин, со кого има две деца, ќерка и син.
Кога Ива стана полнолетна, односно го славеше нејзиниот 18-ти роденден, нејзината мајка Ана ѝ се обрати со емотивна порака:
„Осумнаесет години поминаа откако ова мало суштество започна неповратно да менува сè во мене.

Сè што сум денес, таа го создаде во мене, иако требаше да биде обратно.

Сè што јас не сум, а сакам да бидам, таа е. Толку млада, а толку мудра, силна, праведна…

Израсна во неверојатна млада жена и никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам на универзумот што ми ја испрати токму таква каква што е, без разлика колку пати дневно ми ја треска вратата пред носот.

Не знаев дека може да се сака вака додека не ја запознав неа. Таа е моето прво сè“.
Ива е една од најубавите наследнички на познати личности од регионот.