Татко ѝ има 35 милиони евра во недвижнини, таа работи за 20 евра - Која е најмладата ќерка на Горан Бреговиќ?
- Детали
- недела, 01 март 2026
Најмладата од трите ќерки на Горан Бреговиќ, која медиумите ја нарекуваат „фаталната русокоса“, не се потпира на богатството на нејзиниот татко.

Горан Бреговиќ е еден од најбогатите музичари на Балканот, но неговата најмлада ќерка Лула заработува сама - таа изработува нокти, и тоа во својот дом.
Легендарниот музичар Горан Бреговиќ е во брак со својата сопруга Џенана со години, и со неа има три ќерки, Ема, Уна и Лула.

Па додека тој има свој бизнис во Париз, многу недвижнини и долгогодишна успешна кариера која исто така му носи многу пари, неговата најмлада наследничка сака сама да заработува наместо да ги троши милионите на татко ѝ.
Се проценува дека богатството на Брега е околу 35 милиони евра, и тоа само во недвижнини.
А неговата најмлада ќерка, која медиумите ја нарекуваат „фаталната русокоса“, не се потпира на неговото богатството.
Лула (21) одлучила да се занимава со маникир и тоа да ѝ биде примарна дејност од која заработува.
Јавноста е изненадена од скромните цени на нејзините услуги, откако таа го објави својот ценовник на социјалните мрежи.
Дизајнирањето природни нокти кај неа чини 20 евра. Оние кои сакаат „гел лак“, треба да издвојат од 30 до 40 евра, во зависност од големината на ноктите, додека најскапата услуга, таканаречената full freestyle, чини 45 евра.
Дополнително, Лула не прима муштерии во луксузен салон, туку во својот дом во Париз.
Таа е искрена кон своите клиенти, па јавно вели дека „клиентите кои се алергични на мачки треба да имаат предвид дека таа работи во стан каде што живеат домашни миленици“.
Лула не користи многу социјални мрежи, но знае да објави фотографии од својата работа, преку кои може да се види дека е вешта во работата.
Втора љубов на Лула е модата, па таа сака да се обиде и во оваа дејност.